ВИДЕО: Сите гледаа во Леброн, Дончиќ не можеше сам против Мајами хит

„Кралот“ Леброн Џејмс и на 36 години доминира на НБА паркетите/Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ја остварија третата победа по ред, го совладаа Хјустон рокетс со 119:117 благодарение на одличниот Леброн Џејмс.

Лејкерси после лошите игри во предсезоната и слабиот старт, започнаа да се креваат и тоа го потврдува со новиот триумф доцна синоќа во НБА лигата.

„Кралот“ Џејмс и покрај неговите 36 години, и натаму доминира на натпреварите во најсилната лига на светот, овојпат против Рокетси забележа 30 поени, 10 асистенции и четири скокови.

Ентони Дејвис го следеше со 27 поени и девет скокови, а Расел Вестбрук имаше идентичен учинок, запишувајќи и седум асистенции. На спротивната страна Кристиан Вуд беше најдобар со 26 поени и 16 скокови.

Тајлер Хироу со 25 поени, три скокови и четири асистенции беше еден од најзаслужните за победата на Мајами хит против Далас мавериксс (125:110). Словенецот Лука Дончиќ во редовите на Маверикси забележа 33 поени и пет асистенции.

Ноќта беше посебна и за Крис Пол, кој имаше 14 поени и дури 18 асистенции во триумфот на Феникс санс против Њу Орлеанс пеликанс.

Пол сега се искачи на третото место по бројот на асистенции во историјата на НБА, престигнувајќи го Стив Неш. Пред играчот на Санси на вечната листа се Џејсон Кид (12,091) и Џон Стоктон (15,806 асистенции).

НБА лига, резултати –

Детроит пистонс – Милвоки бакс 89:117
Далас маверикс – Мајами хит 110:125
Јута џез – Сакраменто кингс 119:113
Феникс санс – Њу Орлеанс пеликанс 112:100
Лос Анџелес лејкерс – Хјустон рокетс 119:117

Видео на денот