Јаник Синер/фото: EPA/MARK LYONS

ВИДЕО | Синер му го предаде мечот на Алкараз по 20 минути од финалето во Синсинати

Тениските фанови со нетрпение го очекуваа спектаклот во финалето на Мастерсот во Синсинати, САД, но дуелот помеѓу Јаник Синер и Карлос Алкараз заврши по само 23 минути игра.

Италијанецот му го предаде мечот на вториот играч во светот откако Шпанецот водеше со 5:0 во првиот сет. Алкараз наметна жестоко темпо од самиот почеток на мечот, а направи и брејк во првиот гем. Синер го загуби сервисот без да освои поен.

Шпанецот продолжи да доминира над својот ривал, иако Синер се мачеше да го врати брејкот во вториот гем, дури и имаше изедначување, но набрзо на семафорот стоеше – 2:0.

Алкараз ја искористи третата брејк-топка во третиот гем и веќе тогаш беше јасно дека ќе го добие првиот сет. И четвртиот гем го доби со „нула“, додека петтиот гем го доби по втората брејк-топка.

А потоа следуваше одлуката на Синер да го предаде мечот. Италијанецот седна на клупата и рече дека не може да продолжи. Алкараз му се приближи, малку разговараа, а потоа се продолжи со церемонијата на доделување на трофеите. Алкараз напиша на камерата „Жал ми е, Јаник“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот