ВИДЕО: Силна експлозија во близина на воена болница во Кабул

Експлозија во Кабул/ Фото Twitter Francesco Comito

Силна експлозија проследена со истрели одекна во главниот град на Авганистан, Кабул, во близина на воената болница „Сардар Мохамад Дауд Кан“.

Некои корисници на социјалните мрежи пишуваат дека одекнале две експлозии.

Еден од сведоците за Спутник изјавил дека се работи за самоубиствен напад, кој се случил во близина на болница со капацитет од 400 кревети.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и снимки.

Се уште никој не ја презел одговорноста за инцидентот. Во близина е и Министерството за јавно здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот