ВИДЕО: Што се случува со Тотенхем – Фабињо е херојот на Ливерпул!

Фабињо го постигна победничкиот гол за Ливерпул/Барнли, Велика Британија/13 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Денеска се одиграа три натпревари од 25 коло во Премиер лигата во кои победи остварија екипите на Ливерпул, Вулверхемптон и Њукасл.

Фудбалерите на Ливерпул ја запишаа и третата победа после паузата и го совладаа Барнли како гости со резултат 1:0.

Во составот на „црвените“ се врати и Садио Мане после освојувањето на Африканскиот куп на нации и Јирген Клоп практично можеше да смета на најдобрите.

Мечот го реши Фабињо со погодок во 40 минута од средбата. Ливерпул сега на второто место на табелата има девет бодови помалку од Манчестер сити, но и еден натпревари помалку.

Њукасл со голот на Киран Трипие (35`) триумфираше над Астон Вила, а Тотенхем повторно ги разочара своите навивачи со поразот овојпат од Вулверхемптон.

Головите за победничката екипа ги реализираше Раул Хименез во шестата и Леандер Дендонкер во 18 минута од средбата. Ова е веќе трет пораз во низа за фудбалерите на Антонио Конте.

Премиер лига, 25. коло

Недела, резултати –

Барнли – Ливерпул 0:1
Њукасл – Астон Вила 1:0
Тотенхем – Вулверхемптон 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот