ВИДЕО | Шон Пен го изненади водителот со одговор на прашањето: Не ти верувам
Шон Пен гостуваше на американската телевизија. Разговорот со него го водеше Шон Ханити, на кој актерот како одговор на едно прашање му кажа дека не му верува, нешто што предизвика непријатност.
Препорачано
Ханити го замоли Пен да се присети што му кажал кога првпат го повикал и го замолил да дојде во емисија. Имено, Ханити го повикал Пен со цел да дознае повеќе за неговиот документарец во Украина.
„Кажав дека не ти верувам“, одговори Пен, а водителот потоа праша дали постои причина зошто не му верува.
„Постојат многу причини. Да постојат многу причини зошто не ти верувам“, изјави Пен, додавајќи дека има „толку многу луѓе кои не веруваат ниту во своите сопружници, но сепак мора да продолжиме со животот“.
Актерот потоа продолжи да зборува за своето заминување во Украина.
„Кога ќе зачекорите во земја со такво неверојатно единство како што е Украина, ќе сфатите што ни недостигало на сите нас. И мислам дека недостатокот на доверба е само ситница“, изјави актерот.
Пред крајот на интервјуто Ханити го прашал Пен дали стекнал барем малку доверба кај него.
„Потребно е многу физикална терапија по голема сообраќајна несреќа. Не можете се да обавите во еден ден “, заклучи Пен.


