ВИДЕО: Шкупи елиминиран, Левски е во третото квалификациско коло на Конференциската лига

фото: instagram.com/pfclevskiofficial

И на реваншот од второто квалификациско коло во Конференциската лига одигран во Софија екипата на Шкупи загуби овојпат со 1:0 од Левски.

Бугарската екипа со вкупно 3:0 се пласираше во следната фаза во која ќе игра против Хапоел Беер Шева од Израел.

Во текот на првото полувреме на стадионот „Герена“ немаше многу возбудувања, домаќините воглавно го трошеа времето со безбројни додавања во средниот и на својата половина, бранејќи ги скопските 2:0 од првиот меч.

Голманот на Шкупи, Илјази немаше многу работа, како и неговиот колега на спротивната страна, Левски повеќе ја имаше топката во своите нозе, но играчите на Џихад Арслан секогаш правовремено реагираа во одбраната и не дозволуваа никаква поголема опасност кон нивниот гол.

Бугарите со истото темпо продолжија, а македонскиот претставник своите најголеми шанси ги имаше во самиот финиш преку кои можеше лесно да дојде до позитива и да го направи понеизвесен двомечот. Цефас беше најблиску да постигне гол, двапати се закани, но неговите удари успеа да ги одбрани Андреев.

Тоа беа и единствените удари во рамките на противничкиот гол, а само еден повеќе имаше Левски.

Второто полувреме беше продолжено дури за 10 минути бидејќи главниот судија веќе не можеше физички да го издржи натпреварот, по што дојде до мал прекин, па на терен излезе неговата замена.

И кога сите помислија дека овој дуел ќе заврши без голови, во 101 минута Петков го пронајде патот до мрежата на Илјази за поставување на конечниот епилог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот