ВИДЕО: Серафимов го најави пресвртот на МОЛ Фехервар

фото: instagram.com/vidinstagram

Денеска екипата на МОЛ Фехервар на домашен терен со 3:1 го совлада составот на Кишварда во осмото коло од најсилното унгарско фудбалско првенство.

Поведоа гостите со голот на Цамај во 11 минута, но следуваше пресвртот на домашните фудбалери кој го почна Никола Серафимов.

Македонскиот репрезентативец по асистенцијата на Калмар во 29 минута успеа да израмни на 1:1.

За нашиот дефанзивец, кој го одигра целиот меч, тоа е прв погодок сезонава во тамошниот шампионат во шестиот настап за МОЛ Фехервар.

Пресвртот го комплетираа Кодро во 60 и Флорес во 95 минута од средбата. На табелата МОЛ Фехервар е на деветтото место со осум бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот