Џастин Худ/EPA/ANDY RAIN

ВИДЕО | Сензација на СП во пикадо која ја освои публиката: Од портир во хотел, до место меѓу најдобрите во светот

Џастин Худ е автор на една од најголемите приказни и сензации на годинашното Светско првенство во пикадо, кое традиционално се одржува во Лондон. Британецот, кој до неодамна заработуваше како ноќен портир во хотел, направи неверојатен пробив и избори пласман меѓу осумте најдобри играчи во светот.

Худ до четвртфиналето стигна на импресивен начин, откако во осминафиналето без загубен сет со 4-0 го надигра 11. на светската ранг-листа, Џош Рок. Со овој настап тој испиша и историја на Светските првенства, ги реализираше сите 11 први обиди за двојни излегувања, нешто што досега не му успеало на ниту еден натпреварувач.

Само пред неколку месеци, на почетокот од 2024 година, Худ работеше ноќни смени во хотел, но во ноември донесе храбра одлука да ја напушти работата и да се пресели во Милтон Кинс. Таму целосно се фокусираше на пикадото и настапуваше на „Q-School“ турнирите, што на крајот се покажа како потег што му ја промени кариерата, обезбеди место на Светското првенство и сега е меѓу најдобрите осум.

Под прекарот „Happy Feet“, Худ брзо стана миленик на публиката освојувајќи симпатии со својата позитивна енергија, бурни прослави и постојана комуникација со навивачите. Во четвртфиналето го очекува голем предизвик, дуел со легендарниот Шкотланѓанец Гари Андерсон, кој вчера го елиминираше еден од главните фаворити и лански финалист, Михаел ван Гервен.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот