ВИДЕО: Селта Виго ја совлада Барса и се избори за опстанок во „Ла Лига“

фото: EPA-EFE/Salvador Sas

Веќе беше познато дека Елче и Еспањол од следната сезона ќе играат во шпанската „Сегунда“, а по последното коло во „Ла Лига“ им се приклучи и Ваљадолид.

Ваљадолид одигра 0:0 со Хетафе на домашен терен и ја заврши сезоната на 18 место со бод помалку од Алмерија, која одигра нерешено на гости кај Еспањол (3:3).

Пред последните натпревари сезонава стравуваше и Селта. Тимот од Виго мораше да ја победи Барселона за да не зависи од другите резултати.

На крајот, Селта победи со 2:1 против шпанскиот првак, а херој беше младиот Габри Веига, кој ги постигна двата гола за домаќините во 42 и 65 минута. Стрелец на погодокот за Барселона беше Ансу Фати во 79 минута.

Бетис и Валенсија одиграа нерешено (1:1) во меч кој беше последен во кариерата на легендарниот Хоакин.

Хоакин (41) освен за Бетис, настапуваше и за Валенсија, Малага и Фиорентина. Со Бетис успеа двапати да ја освои титулата во „Копа дел Реј“, една има со Валенсија во истото натпреварување, а со Фиорентина беше еднаш финалист во Купот на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот