ВИДЕО: Себастијан Але ја победи тешката болест, а сега ѝ носи титула на Борусија Дортмунд

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Борусија Дортмунд го искористи саботниот пораз на Баерн Минхен и на едно коло до крајот во Бундес лигата е во „пол-позиција“ за освојување на титулата.

Последен пат Борусија Дортмунд беше шампион на Германија во 2012 година, а оттогаш на бундеслигашката елита доминира баварскиот гигант.

Себастијан Але на кој му беше дијагностициран рак на тестисите ги пропушти првите шест месеци од сезоната, а по успешната борба против тешката болест, му се врати на фудбалот на во јануари.

Кога е најпотребно Французинот запиша два гола во победата на гости кај Аугсбург (0:3). Конечниот епилог го постави Брандт во 93 минута.

На табелата води Дортмунд со 70 бодови, два повеќе од Баерн. Во последното 34 коло „милионерите“ на 27 мај ќе го пречекаат Мајнц, а истиот ден Баерн ќе гостува кај Келн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот