ВИДЕО | Се спушта завесата: Вуди Ален ќе го снима последниот филм

Фото: EPA-EFE

Режисерот Вуди Ален потврди дека оваа есен ќе снима нов филм во Париз. Зборувајќи со актерот Алек Болдвин преку „Instagram Live“, Ален (86) сугерираше дека неговиот 50-ти филм  за кој се вели дека е драма слична на „Match Point“ од 2005 година – веројатно ќе биде неговиот последен, пишува „The Guardian“.

„Голем дел од возбудата исчезна“, рече Ален. „Сега правиш филм и добиваш неколку недели во кино, а потоа оди на стриминг или плаќање по преглед. Не е исто. Не уживам толку“.

Двата најнови филма на Ален, „ A Rainy Day in New York“ во 2019 година и „ Rifkin’s Festival“ во 2021 година беа објавени за време на пандемијата. Вториот не се претстави добро, но „A Rainy Day in New York“ со Тимоти Шаламе и Ел Фенинг во главните улоги се најде на врвот на бокс-офисот.

„A Rainy Day in New York“, беше првиот филм објавен откако договорот за пет филмови на Ален со „Амазон“ пропадна како резултат на обновеното внимание на обвинението од посвоената ќерка на режисерот, Дилан, во 1992 година, дека тој сексуално ја злоставувал. Ален секогаш го негираше тврдењето; две долги истраги беа затворени без обвинение против него.

Зборувајќи со Болдвин, Ален рече дека досега успеал да избегне да го фати Ковид-19 преку мешавина на среќа и претпазливост. „Кога дојде пандемијата“, рече тој, „бев во мојата куќа, скаменет како и сите други, се криев под креветот“. По период на жалење што не можел да го сними филмот што го планирал, Ален рече дека почнал повторно да ја проценува ситуацијата.

 „Помислив: Бреј, ми се допаѓа под креветот. Немам излегување и не морам да снимам филм и да бидам смрзнат во зима и испотен во лето и да донесувам одлуки цел ден“.

Говорејќи во вторникот, Болдвин и Ален целосно се оддалечија од контроверзите во кои беа вклучени и двајцата. Објавувајќи го интервјуто во понеделникот, Болдвин посочи дека тоа ќе биде случајот.

„Дозволете ми да го предговорам ова со тоа што ќе кажам дека имам нула интерес за нечии пресуди и светољубиви објави овде“, напиша тој во описот на „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alec Baldwin (@alecbaldwininsta)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот