ВИДЕО | Се руши објект пред „Капитол“, со години ја узурпирал зелената површина и работел на „диво“
Во општина Аеродром утринава започна рушењето на дивиот објект до поранешниот ресторан „Дежаву“ кај трговскиот центар „Капитол мол“.
Препорачано

Од Општина Аеродром за „Слободен печат“ изјавија дека објектот долги години функционирал со издадено Решение за поставување урбана опрема кое било издадено пред една деценија, но никогаш не било обновено.
„Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена. Тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани. Бидејќи објектот нема важечко одобрение, тој ќе биде целосно демонтиран и просторот конечно ќе се ослободи за користење “, велат од Општината.
Акцијата започнала рано изутрина, по што објектот бил срушен. Според документацијата, просторот немал одобрение за градба и бил поставен на површина наменета за пешаци и јавни активности.
Од Општината информираат дека откако ќе биде срушен објектот, просторот ќе се уреди со нови клупи и зелени површини и ќе биде ново детско катче.


