ВИДЕО: Се пофали Бока, пристигна засилувањето од Манчестер јунајтед!

Фото: EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо ќе ги брани боите на аргентинскиот клуб Бока јуниорс.

Како што соопштија денеска „црвените ѓаволи“, 30-годишниот дефанзивец замина веднаш, откако постигна договор околу условите со шампионот на Аргентина.

Рохо се пресели од Спортинг Лисабон во Јунајтед во 2014 година, за екипата од „Олд Трафорд“ не играше од ноември 2019 година.

Вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во неговиот поранешен клуб Естудијантес.

За Манчестер јунајтед одигра 122 натпревари и постигна два гола. Тој ги освои ФА купот, Лига купот, Лигата на Европа и Комјунити Шилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот