ВИДЕО | Се огласи и Гоца Тржан за победата на Констракта: На луѓето им се сервира ѓубре, ова е одлична промена

Гоца Тржан/Констракта/Принтскрин/Јутјуб
Гоца Тржан/Констракта/Принтскрин/Јутјуб

И пејачката Гоца Тржан даде свој суд кога е во прашање српската претставничка за изборот на песна на „Евровизија“, Ана Ѓуриќ Констракта и нејзината песна.

И самата Гоца требаше да настапува на овој настан, но во последен миг се повлече, и додаде дека е многу среќна поради победата на Констракта.

Таа изјави дека не ги гледала настапите, бидејќи физички не била во добра состојба, но подоцна ја дознала целата „фама“.

„Им посакав на сите свои колеги многу среќа, визуелно фантастично изледаше. Морам да кажам дека сум многу задоволна, среќна и пријатно изненадена. Гласовите ми дадоа надеж дека уметноста може да биде прифатена – изјави Гоца на својот влог на Јутјуб.

„Има многу луѓе кои сакаат да слушнат и вакво нешто, само не сме доволно бучни. Честитки за Констракта, предобра е, настапот е врвен, и не е потребно да скокаш од плафон. Концептот е суштина, она што таа сакаше да го покаже е токму уметноста. Клинците не се глупави, им се допадна нешто што не е ѓубрето што нон-стоп им се сервира. Една убава, природна, образована мајка на две деца, интересна жена ќе не’ претставува на Евровизија, исклучително сум среќна и задоволна.
Уметницата мора да биде здрава – додаде Гоца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот