Втор осомничен за нападот на Универзитетот Браун во Провиденс/Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Се бара втор осомничен за смртоносниот напад на Универзитетот „Браун“

Полицијата на Род Ајленд бара втор осомничен во истрагата за пукањето од минатата сабота на Универзитетот „Браун“, во кое загинаа две лица, а девет други беа повредени, објави Еј-би-си њуз.

Властите „бараат помош од јавноста“ за идентификување на осомничениот кој бил виден во близина на наводниот стрелец, според порака објавена на платформата за социјална мрежа Икс.

Полицијата во градот Провиденс објави три фотографии од осомничениот, кој е забележан како носи зелена качулка и сина облека, додека држи светла чанта.

Тие претходно објавија неколку фотографии и видеа од главниот осомничен, опишан како „крупен човек, висок приближно 175 см“ и облечен во темна облека, шапка и хируршка маска.

Идентитетот на наводниот сторител на нападот на кампусот останува непознат. Понудена е награда од 50.000 долари „за информации што ќе доведат до негова идентификација, апсење и осуда“.

Осомничениот беше уапсен во неделата, но беше ослободен откако не беа пронајдени инкриминирачки докази против него .

Во нападот на вооружениот човек во саботата загинаа двајца студенти: Ела Кук, потпретседателка на Здружението Браун Републиканци, и Мухамед Азиз Умурзоков, узбекистански државјанин кој сакал да стане неврохирург.

Од деветте повредени, еден е во критична состојба, седум се во сериозна, но стабилна состојба, а деветтиот е отпуштен од болница.

Ново масовно пукање во САД – двајца загинати, девет повредени на Универзитетот Браун

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот