ВИДЕО: Се бара казна за таткото на Новак Ѓоковиќ, политиката да се држи надвор од спортот

фото: Принтскрин/Youtube/Aussie Cossack

Познатата тениска новинарка, Карол Бушар, побара строга санкција за Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак Ѓоковиќ, од кого се појавија фотографии во Мелбурн во друштво на навивачи со симболите на Русија и Путин.

По мечот на српскиот тенисер против Русинот Андреј Рубљов, група навивачи со руски знамиња и буквата „Z“ што ја носат руските војници во Украина, се фотографираа со Срѓан Ѓоковиќ.

Фотографиите покрај навивачот со ликот на Владимир Путин на знамето, додека навивачот ја имаше буквата „Z“ на дресот, предизвикаа бројни критики.

Австралиската тениска асоцијација ги предупреди навивачите и луѓето од ложата на играчите дека таквите сцени можат да ја нарушат и комплицираат организацијата на турнирот „Австралија опен“.

– Извинете, но навистина не би требало да го предупредат Срѓан Ѓоковиќ после ова. Треба да му ја одземат акредитацијата, ова е безобразно – напиша Бушар на Твитер.

Се огласи и познатиот украински тенисер Александр Долгополов кој вели дека ваквите сцени се апсолутно одвратни.

– Рекоа дека политиката треба да се држи надвор од спортот. Овие луѓе немаат апсолутно не треба да бидат на тениски турнири, вклучително и таткото на Новак Ѓоковиќ ако отворено поддржуваат геноциден режим – објави Долгополов.

ВИДЕО | Дебатата повторно отворена: Што пие Ѓоковиќ за време на натпреварите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот