ВИДЕО | Руски воен блогер уапсен во Москва

Уапсен руски блогер / Фото Твитер

Руски воен блогер кој често го критикуваше начинот на кој се врши инвазијата на Украина е уапсен во Москва, јавува државната новинска агенција. „Против администраторот на каналот на Телеграм, Москва Колинг, Андреј Куршин е покрената кривична постапка за ширење лажни вести за руската армија“, објави РИА Новости.

Набргу по инвазијата на Украина, Русија воведе строги казни за ширење лажни информации за воени активности. Каналот Moscow Calling има околу 87.000 следбеници. Институтот за проучување на војната (ИСВ) наведува дека Куршин е ултранационалист кој обично напаѓа различни аспекти на руското водење на војната во Украина, но ги поддржува и ултранационалистичките цели зад самиот конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот