ВИДЕО | Роднини на жртвите ќе го линчуваа: Расист кој уби десетмина доби доживотен затвор во САД

Фото: ABC7NY / printscreen

Расист-тинејџер од САД, кој уби десетмина афроамериканци во супермаркет во Бафало пред речиси две години, е осуден на доживотен затвор, откако се изјасни како виновен по вкупно 15 точки од обвинението, меѓу кои и убиство и тероризам од омраза.

Џендрон им се извини на семејствата на жртвите, велејќи дека сега не може да поверува што направил и се надева дека неговото злосторство нема да ги мотивира другите да го следат неговиот пример.

„Многу ми е жал за целата болка што им ја предизвикав на жртвите и на семејствата. Не можам да изразам колку жалам за сите одлуки што доведоа до акциите на 14 мај. Направив страшна работа тој ден. Пукав и убив луѓе бидејќи беа црнци“, додаде тој.

Непосредно пред да биде изречена пресудата, еден од роднините на жртвите во судницата му се нафрли на Џендрон, а полицијата спречи поголем инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот