фицо фото: Фејсбук

ВИДЕО | Роберт Фицо на ролери помина 7,4 километри низ новиот тунел

Словачка официјално го отвори долгоочекуваниот патен тунел долг 7,4 километри. Но, заедно со свеченото отворање, словачкиот премиер Роберт Фицо го означи завршувањето на работите на нетипичен начин, возејќи ролерки низ целата должина на тунелот, објави uaenewsapp.

Фицо ја искористи можноста да се препушти на омиленото хоби, а во исто време ги критикуваше своите политички претходници, за кои рече дека не успеале да го завршат проектот што се гради повеќе од 27 години.

„Не сакав да ја пропуштам оваа можност да возам ролерки низ целиот тунел“, рече Фицо во видеото додека се тркалаше по мазниот асфалт.

Тунелот Вишнове, најдолгиот во Словачка, беше отворен за сообраќај во понеделник како дел од новата делница од 13,5 км од автопатот кој преминува планински терен на работ на планинскиот венец Мала Фатра во Западните Карпати, област која долго време претставуваше инженерски предизвици и го попречуваше главниот транспортен пат исток-запад во земјата.

На церемонијата на отворањето, Фицо рече дека „тунелот Вишнове ќе го подобри животот на Словаците – а тоа е фундаменталната мисија на политичката работа“.

Контроверзниот словачки премиер претходно јавно зборуваше за своето хоби да вози ролери. За време на еден настан во северна Словачка во 2017 година, тој рече:

„За оние кои сакаат возење ролери, нема подобро чувство од тоа кога поминувате покрај река или поток, со ливади од едната страна и шуми од другата“.

На тунелот почна да се работи во мај 1998 година, а процесот беше одложуван неколку пати. Истражувачките работи беа запрени во 2002 година, а целосната изградба на делницата D1 започна дури 12 години подоцна.

Првичниот договор со конзорциум предводен од Салини Импрегило беше раскинат во 2019 година, а проектот подоцна го заврши шведската Сканска.

Анализите на сообраќајот проценуваат дека тунелот би можел да носи речиси 40.000 возила дневно.

„Залечивме сериозна сообраќајна лузна“, оцени словачкиот министер за транспорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот