Фото: instagram.com/bohemians_praha_1905

ВИДЕО | Ристовски стрелец во победата на Бохемијанс против Острава

Денеска во 30 коло од најсилното чешко фудбалско првенство екипата на Бохемијанс на гости со 2:0 славеше против Острава.

Стрелец на првиот гол беше македонскиот репрезентативец Милан Ристовски во 19 минута од натпреварот, а предноста ја зголеми Матусек во 44 минута.

Ова беше третиот погодок сезонава за Ристовски во чешкиот шампионат, претходните два ги имаше во поразот од Пардубице (1:2) и ремито со Сигма Оломуц (2:2).

Бохемијанс се наоѓа на 11 позиција со 33 бодови и во следното коло ќе игра дома на 25 април против Спарта Прага.

Моментно водечка во генералниот пласман е Славија Прага со 68 бодови, осум повеќе од второпласираната Спарта Прага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот