Фото: Liverpool FC/X

ВИДЕО: Рид со „гол на сезоната“ во 94. минута го остави Ливерпул без победа

Во натпревар со драматична завршница, Фулам и Ливерпул ги поделија бодовите ремизирајќи 2-2.

Првиот дел од средбата мина во тактичко надмудрување со малку возбудувања, а единствената посериозна шанса ја искористија домаќините. Хари Вилсон во 17. минута ја затресе мрежата и му донесе водство на Фулам, по што играта значително се смири без поголеми прилики до паузата.

Во продолжението темпото беше нешто повисоко, а Ливерпул успеа да се врати во игра преку Вирц, кој во 57. минута израмни на 1-1. До самиот финиш не се случуваше многу, сè до хаотичната завршница.

Во 94. минута Коди Гакпо погоди за пресврт и се чинеше дека „црвените“ ќе си заминат со цел плен, но радоста траеше кратко. Само минута подоцна Рид со атрактивен погодок го постави конечниот резултат 2-2. За Ливерпул ова е второ последователно реми, откако во претходното коло одигра без голови против Лидс.

 

На останатите натпревари од колото, Тотенхем и Сандерленд одиграа нерешено 1-1, Њукасл сигурно го совлада Кристал Палас со 2-0, додека Брентфорд славеше на гостувањето кај Евертон со 4-2 во најефикасниот дуел на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот