Протест за воведување на данок за работа во странство / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Револтирани граѓани и студенти бараат јасни правила за оданочување на приходите од странство

Пред просториите на Управата за јавни приходи во комплексот на Народна банка во Скопје денеска се одржа протест на граѓанското здружение „Правда за сите“ од Куманово – граѓани кои работеле во Ирак и Авганистан, како и студенти кои учествувале во програмата „Ворк енд травел“. Присутните изразија незадоволство од неправедната примена на даночните правила за приходите остварени во странство.

Дел од учесниците на протестот за „Слободен печат“ изјавија дека и по пет месеци од почетокот на нивната иницијатива, институциите сè уште немаат конкретен одговор на нивните барања.

На протестот се приклучија и студенти, кои изразија незадоволство од оданочувањето на заработката стекната преку програмата „Ворк енд травел“. Станува збор за приходи кои веќе биле оданочени во земјите каде што работеле, најчесто во Германија и САД, па дополнителното оданочување во Македонија младите го сметаат за неправедно финансиско оптоварување.

Нема доказ – има данок: УЈП проверува дали 257 наши работници од Авганистан таму платиле данок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот