ВИДЕО | Рецепт за чоколадни медалјони со урми и овесни снегулки, супер здрави и супер вкусни

Фото: Printscreen / Youtube / Long awaited desserts

Ако водите сметка за исхраната или ви се јаде нешто слатко, ви предлагаме да го пробате рецептот за чоколадни медалјони. Направете ситни колачи со урми и чоколадо кои можете да ги послужите и за слава или кога ќе ви се најават гости. Исто така, одлично е што немаат додаден шеќер, а се прават лесно и брзо. Уживајте во чоколадните ситни колачи што дефинитивно ќе им се допаднат на сите.

Состојки:

– 80 грама овесни снегулки
– 100 грама ореви
– 150 грама урми без јатки
– 10-15 грама какао
– 2 лажици мед
– 150 грама темно чоколадо без шеќер
– 30 мл масло

Подготовка:

Овесните снегулки добро изблендирајте ги, а оревите исечкајте ги, па пропржете ги и изблендирајте. Урмите прелијте ги со ладна вода и оставете ги да отстојат околу 15 минути.

Процедете ги урмите и извадете ги коските, а потоа изблендирајте ги и урмите.

Во сад ставете ги мелените овесни снегулки, а потоа додајте ги оревите, медот и измешајте со раце. Потоа, додадете ги урмите, па повторно соединете со рацете.
Земете малку смеса и обликувајте ја во медалјон, па ставете ја на плех или на даска. Ставете ги медалјоните во замрзнувач 30 минути.

Чоколадото растопете го со масло, па потопете ги колачињата во глазурата. Медалјоните редете ги во плех и ставете ги во фрижидер да се стегнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот