ВИДЕО: Расизам на фудбалски меч во Италија, голманот на Милан Мањан го напушти теренот

фото: EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

Фудбалскиот натпревар во Италија помеѓу Удинезе и Милан доживеа скандал и истиот беше прекинат.

Голманот на гостинската екипа Мајк Мањан го напушти теренот поради расистичките навреди од трибините во Удине.

Главниот судија одлучи привремено да го суспендира мечот после 30 минути игра, а откако фудбалерот во меѓувреме се врати на теренот, натпреварот беше продолжен.

После првото полувреме на стадионот резултатот беше 1:1 на стадионот „Фриули“.

Стрелец на првиот гол за Милан беше Лофтус-Чик во 31 минута, а израмни Удинезе преку Самарџиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот