ВИДЕО: Расадник на висококатници – 100 нови згради во Кисела Вода

Откако пред два дена во Кисела Вода се случи протест и контрапротест предизвикан од донесувањето на нов Детален урбанистички план според кој во Расадник ќе бидат изградени сто згради, поликлиника, градинка, училишта и катна гаража, градоначалникот Филип Темелковски денеска во изјава за „Слободен печат“ рече дека е невистина и чиста шпекулација тврдењето дека е зголемена катноста на објектите за домување.

Промени има на ДУП-от за разлика од јавната анкета, но не е вистина дека е зголемена катноста на зградите што ќе се градат во Расадник, уверува Темелковски.

– По барање на Комисијата на Град Скопје да се намали бруто развиената површина за да се усогласи со Генералниот урбанистички план постапи и Комисијата во Кисела Вода и планерите кои го прават планот за да се усогласиме со Град Скопје. Мојот став за Расадник е непроменет, сметам дека треба да се донесе. За разлика од другите планови, овој план е поразличен бидејќи е најголем плански опфат во Скопје, а истовремено е место каде што има државно земјиште на кое ќе може да изградиме градинка, поликлиника, училиште, катна гаража… за жал сите се фокусираа само на зградите, а никој не ги споменува останатите објекти, вели Темелковски.

– Планот за Расадник имаше неколку јавни анкети. Ако споредиме со јавната анкета од 2016, зголемена е катноста на зградите, ако споредиме со јавната анкета од 2019 година, тогаш катноста е намалена. Но, и со првата и со втората јавна анкета, намалена е бруто површината, со што и бројот на жители ќе биде според предвиденото со ГУП-от. ДУП-от сега повторно ќе оди на Комисија во Град Скопје, бидејќи се постапуваше по забелешките на Комисиите. Доколку Комисијата од Град Скопје утврди дека сите забелешки и недостатоци се отстранети ДУП-от ќе биде испратен во Министерство за транспорт и врски, а дури потоа ќе дојде на Совет на Општина Кисела Вода, објаснува градоначалникот.

Најголем број од забелешките биле по однос на бруто развиената површина, односно се барало да се намали бруто развиената површина, и да се подобри патната инфраструктура.

ГАЛЕРИЈА | Се судрија жителите на Расадник, едни сакаат згради, други зеленило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот