ВИДЕО: Ракометар стана фудбалер, ќе се зборува за неговите „ножички“!

EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Во пријателски фудбалски натпревар против Литванија и поразот со резултат 2:1, за Фарските острови играше ракометарот Хилмар Леон Јакобсен.

Во прашање е репрезентативец на Фарските острови во ракомет, дури и беше стартер во фудбалската репрезентација. Во ракометот (лев бек), а сега во фудбалскиот меч против Литванците играше на позицијата напаѓач.

Литванија своите голови ги реализираше во 42 и 45 минута, а почесниот погодок гостите го постигнаа во втората минута од судиското надополнување.

Леон Јакобсен имаше придонес во тој гол, на некој начин асистираше со „ножички“, малку недостасуваше да се запише во листата на стрелците, од пречката топката дојде до Ватнхамар кој ја затресе мрежата.

Можеби тие спектакуларни „ножички“ на ракометарот ќе му донесат уште еден повик од селекторот да добие шанса месецот и против Летонија и Малта. ВИДЕО ЗАПИСОТ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот