ВИДЕО: Рајо обезбеди опстанок во „Ла Лига“, Димитриевски испиша историја против Гранада

Столе Димитриевски („Рајо Ваљекано“)/фото: EPA-EFE/Jesus Diges

Денеска во 36 коло од најсилното шпанско првенство фудбалерите на Рајо Ваљекано на домашен терен со 2:1 ја совладаа екипата на Гранада.

На тој начин играчите предводени од тренерот Ињиго Перес со осмата победа сезонава обезбедија опстанок во „Ла Лига“.

Веќе во петтата минута домаќините останаа со играч помалку, откако црвен картон доби Трехо. Но, и покрај тоа успеаја да поведат во 23 минута преку Лежен.

Предноста беше зголемена во 80 минута со погодокот на де Фрутос, а до крајот на мечот Гранада само го ублажи поразот во 89 минута со голот на Боје.

Целиот меч за домашниот тим го одигра македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Столе Димитревски кој стана голман со најмногу настапи во клупската историја на Рајо, вкупно 190. Сега зад него е Вили кој застана на 189 настапи, а на третата позиција на вечната листа е Педро Валентин Мора со 168 настапи.

Моментно на табелата Рајо Ваљекано е на 14 позиција со 38 бодови и во следното коло на 19 мај ќе ѝ гостува на Барселона. Гранада е на претпоследното 19 место со 21 бод и наредниот лигашки дуел ќе го има пред своите навивачи против Селта Виго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот