ВИДЕО: Пристигна официјалниот трејлер за „Преспав“ – Погледнете што ќе се случува во петтата сезона!

Фото: Јутјуб

Многумина со нетрпение го очекуваат почетокот на петтата сезона од комичната македонска серија „Преспав“ која веќе неколку години наназад до солзи ги смее своите фанови.

Нетрпението полека може да исчезне бидејќи од тимот на „Преспав“ ја најавија премиерата на својата прва епизода од новата сезона за 18-ти декември (петок) во 20:15 часот на МРТ1.

„Сезона каква што не сте виделе досега“, велат од тимот на „Преспав“, а од трејлерот можеме да видиме дека „стариот Миле Бузалевски“ се враќа, но и уште многу други нови нешта за кои веруваме дека повторно ќе не насмеат до солзи.

Погледнете го официјалниот трејлер кој ветува добра забава…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот