ВИДЕО: Пред 11 години Шиков ни ја донесе досега единствената победа над Романија
Денеска од 20.45 часот македонската А репрезентација ќе го има својот шести настап во квалификациите за Светското првенство 2022 Катар против селекцијата на Романија.
Препорачано
На Денот на независноста избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе се обидат да го израдуваат народот со победа која би била многу важна на патот кон позициите кои водат кон Мундијалот.
Во првиот дуел од овој квалификациски циклус годинава на 25 март во Букурешт загубивме со 3:2.
Имаме негативен биланс против Романците против кои уште четири пати се сретнавме во мундијалски квалификации. Противникот најпрвин на 15 декември 1996 година во Скопје славеше со 0:3, па загубивме една година подоцна со 4:2 на гостински терен.
На 4 септември 2004 година во Крајова загубивме 2:1, а со истиот резултат загубивме на 30 март 2005 година.
Единствениот триумф го имаме во пријателски натпревар одигран во Вилах (Австрија) на 2 јуни 2010 година со 1:0, гол кој го реализираше Ванче Шиков во 28 минута од средбата.


