ВИДЕО | Празнична атмосфера во домот на семејството Бекам: Дејвид сам ја подготви и ја украси новогодишната елка
Модната икона и поранешна поп-ѕвезда Викторија Бекам сподели видео на својот инстаграм-профил на кое покажува како таа и Дејвид Бекам се подготвуваат за Божиќ и Нова Година.
Препорачано
Видеото брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои имаа можност да ѕирнат во празничната атмосфера на славниот пар.
Во видеото, Дејвид сече дел од трупецот, по што самиот ја внесува елката во нивниот дом. Потоа ја одмотува од мрежата, внимателно ги шири гранките, ги одмотува светилките и ги поставува на елката. После тоа, додаде разни украси за да ја комплетира новогодишната магија.
За време на подготовките, поранешниот фудбалер носеше црвена капа во стилот на Дедо Мраз, беж џемпер и сини фармерки, што дополнително ја надополнуваше празничната атмосфера.
Видеото ги воодушеви фановите, кои им ги честитаа претстојните празници во коментарите.
„Ви благодарам за оваа содржина, Среќен Божиќ“; „Сè најдобро вам и на вашето семејство“; „Среќни празници“; „Јавете ми се следниот пат, јас сум декоратер“; „Ова е вистински маж“; „А моторната пила му доаѓа како моден додаток, ликот е нереален“, беа само некои од коментарите под објавата.
View this post on Instagram
ВИДЕО | Дуетот со Круз стана вирален: Викторија Бекам и нејзиниот син нè вратија во 90-те


