ВИДЕО: Пратеник на српските Социјалисти гледал порнoграфска содржина за време на собраниска дискусија за Косово

Пратеник на српските социјалисти на мобилен гледал филмови за возрасни додека Националното собрание расправало за европскиот план за Косово!

На видеото кое се појави на социјалните мрежи, јасно се гледа како овој пратеник, седнат во собраниската клупа, повеќе од минута и пол ја гледа акцијата на мобилниот телефон, додека продолжува жестоката дискусија за најважното национално прашање во Србија. Додека гледа видео со експлицитна содржина, овој заменик не обрнува ни внимание на многубројните колеги кои седат во клупите до него.

Иако на видеото не се гледа неговото лице и не може со сигурност да се утврди неговиот идентитет, на Твитер се тврди дека станува збор за Звонимир Стевиќ, пратеник од Социјалистичката партија на Србија.

Дебатата за Косово во Народното собрание се одржа во четврток и петок на 3 и 4 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот