Aлександар Трајковски/ EPA-EFE/CARMELO IMBESI

ВИДЕО | Потсетување и мотив плус за ново чудо: Македонија пред точно четири години ја расплака Италија

Пред точно четири години, фудбалската репрезентација на Македонија испиша историска страница со сензационалната победа над Италија од 1-0 во баражот за пласман на Светското првенство 2022. Херој на вечерта беше Александар Трајковски, кој со маестрален удар во самата завршница ги замолкна трибините и ги остави „аѕурите“ во шок.

Иако сонот за Мундијалот запре во финалниот дуел против Португалија, каде што репрезентацијата предводена од Кристијано Роналдо се радуваше на победа, тој триумф над една од најголемите европски селекции останува како еден од најсветлите моменти во македонскиот спорт.

Сега, пред нов важен предизвик, „жолто-црвените“ се подготвуваат за гостување во Копенхаген против Данска. Натпреварот носи идентична тежина и значење како историскиот дуел со Италија, па надежите кај навивачите повторно растат, сите посакуваат ново чудо и уште една вечер за паметење.

Важни информации за сите македонски навивачи што ќе бидат во Копенхаген

Мусовски откри зошто не заиграл за Македонија во 2020 година: Тоа беше недоразбирање

Панчев пред баражот со Данска: Важно е да веруваме во себе, нема да биде лесно

Мусовски откри зошто не заиграл за Македонија во 2020 година: Тоа беше недоразбирање

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот