Фото: ФФМ

Панчев пред баражот со Данска: Важно е да веруваме во себе, нема да биде лесно

Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев во интервјуто за „Flashscore“, зборуваше за очекувањата пред натпреварот од полуфиналето во плејофот за пласман на Светското првенство 2026 во Копенхаген на 26 март помеѓу репрезентациите на Данска и Македонија.

Данците ќе ја имаат фаворитската улога пред полните трибини на „Паркен“ стадионот, тие моментно се на 21 позиција на ФИФА ранг листата, додека Македонија моментно е на 66 место.

Панчев играше за нашата најдобра репрезентација токму против Данска во квалификациите за ЕП 1996 која тогаш беше европски првак. Во Скопје ремизиравме 1:1, а во Копенхаген загубивме 1:0.

-Данска е фаворит и со улогата на фаворит на нивна страна, притисокот е врз нив и можеби ќе им биде тешко да ја оправдаат таа улога. Немаме што да изгубиме и како што беше случајот во Палермо (каде Македонија ја победи Италија во 2022 година), можеби ќе ги изненадиме и ќе постигнеме позитивен резултат. Важно е да веруваме во себе, но нема да биде лесно – вели Панчев.

Доколку избраниците на селекторот Гоце Седлоски успеат да ја изненадат Данска во Копенхаген, тогаш ги очекува финале на гости против Чешка или Ирска, за учество на Мундијалот.

-Ако случајно, со Божја волја, победиме, мислам дека Ирска би била поповолен противник за нас, бидејќи мислам дека Чешка игра многу покреативен фудбал. Чесите знаат како да создаваат шанси и се поопасни со топката. Ирците се повеќе предвидливи со своите долги топки, скокови и мислам дека можеме да бидеме многу поконкурентни против нив – се зборовите на Панчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот