Кетрин О’Хара - Фото: Икс

ВИДЕО | Потресни детали за последните денови на Кетрин О’Хара – нејзиниот брат откри низ што поминувала славната актерка

Холивуд сè уште е во неверување по загубата на легендарната Кетрин О’Хара, која почина на 30 јануари на 71-годишна возраст. Иако првично веста беше примена со голем шок, нејзиниот брат, Мајкл П. О’Хара, сега открива нови, емотивни детали за нејзините последни денови и за трогателниот сон што го имал непосредно пред нејзиното заминување.

Како официјална причина за смртта е наведена пулмонална емболија, како последица на рак на ректумот, дијагноза која актерката ја држела во приватност.

„Не сакаше да зборува на телефон“

Во својот поткаст „Dreams of Our Loved Ones“, Мајкл откри дека Кетрин во последниот период од животот речиси и да не комуницирала со околината.

„При крајот не зборуваше многу. Не сакаше да разговара на телефон … А не живеевме блиску, таа беше во Лос Анџелес“, изјави тој, опишувајќи ја тишината која претходела на трагичниот крај.

Прошталниот сон

Мајкл сподели дека неколку дена пред таа да почине, имал визија во сон која ја протолкувал како последно збогување.

„Имав сон во кој ја прегрнував, што беше навистина прекрасно. Мислам дека тоа беше еден вид збогување во духовниот свет“, раскажува нејзиниот брат.

Тој додава дека по нејзината смрт, повторно ја сонувал како „среќна и зафатена“, реновирајќи куќа во „другиот свет“, што му донело трошка мир во овие тешки моменти.

Меколи Калкин и Кетрин О’Хара – Фото: Инстаграм

Вечна трага во Холивуд

Кетрин О’Хара остави неизбришлив белег со своите улоги во култните филмови како „Сам дома“ (Home Alone), „Битлџус“, но и со брилијантната изведба на Мојра Роуз во серијата „Шитс Крик“. Нејзиниот последен проект, „Студио“, ѝ донесе постхумна награда за најдобра женска улога на доделувањето на „Actor Awards“ во 2026 година, каде публиката со солзи во очите го поздрави нејзиниот последен придонес за уметноста.

„Љубовта продолжува без оглед на сè. Тие се секогаш со нас“, заклучи нејзиниот брат во емотивната исповед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот