Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

ВИДЕО | Потегот на Ендрик кој го налути Анчелоти: Не смее да прави такви работи, ова не е циркус!

Реал Мадрид запиша минимална победа од 1-0 на гостувањето кај Хетафе, но еден потег на младиот Ендрик го налути тренерот Карло Анчелоти. Бразилскиот тинејџер започна како стартер, но не ја заврши средбата и беше заменет откако се обиде со лоб-удар да постигне гол.

Во второто полувреме, при резултат 0-1 и потреба од втор гол за потврда на триумфот, Ендрик се најде во шанса, но наместо да шутира директно, се реши за обид за лоб преку голманот, потег кој не само што беше непрецизен, туку и го налути италијанскиот стратег.

„Имаше две добри можности,  првата ја одигра како што треба, но немаше среќа. Втората, пак, можеби беше офсајд, можеби не, но не може да се прават такви работи, Млад е и ќе научи, но ова не е циркус. Мора да шутира силно кога има можност да постигне гол, да биде конкретен. Не е време за трикови и спектакли“, изјави Анчелоти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот