ВИДЕО: Порто слави, спектакуларна одбрана на Митревски во Лигата на шампионите

Никола Митревски, голманот на македонската ракометна репрезентација/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска продолжија натпреварите од третото коло во ракометната ЕХФ Лигата на шампионите, Порто во групата „Б“ ја забележа и втората победа оваа сезона.

Овојпат на жешкото гостување во Романија португалскиот клуб славеше минимално со резултат 26:27.

Огромен придонес во победата имаше македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски кој забележа 16 одбрани (го запре последниот напад на домаќините), а една од нив од неговите интевенции беше спектакуларна која веднаш ја споделија и од ЕХФ.

Кај стрелците расположени беа Алварез Итуриза и Алвеш со по пет погодоци. На спротивната страна за Динамо Букурешт по три голови имаа Негру, Гарсија Пасквал, Гаврилоаја, Кампос Нантес и Гаминде Хумет.

После три кола во групата „Б“ по четири бода имаат Барселона, Веспрем, Кјелце и Порто, три ПСЖ, по два Динамо Букурешт и Мотор Запорожје, а еден Флензбург.

Во групата „А“ Пик Сегед триумфираше во Белорусија против Мешков Брест со 25:28. На табелата Унгарците го делат првото место со Вардар 1961 со по пет бодови, по четири имаат Алборг и Кил, два Елверум, по еден Монпеље и ППД Загреб, без бодови е Мешков Брест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот