Фото: FC Porto

ВИДЕО | Порто по четири години се израдува на титула во Португалија

Фудбалерите на Порто ја освоија шампионската титула во Португалија, откако во 32. коло славеа минимална победа од 1-0 против Алверка на домашен терен и стигнаа до 31. трофеј во клупската историја.

Во пресрет на натпреварот, Порто имаше комотна ситуација и бод ќе беше доволен за круна, по киксот на Бенфика на гостувањето кај Фамаликао. Сепак, тимот предводен од Франческо Фариоли не препушти ништо на случајноста и славеше победа.

Клучниот момент се случи во 40. минута, кога Јан Беднарек погоди за 1-0, резултат што се покажа како конечен и доволен за големо славје на „Драгао“.

Со овој успех, Порто се враќа на врвот по пауза од четири години, со оглед дека претходните титули ги освојуваа Бенфика и Спортинг на двапати.

И покрај тоа, Бенфика и натаму го држи приматот како најтрофеен клуб во Португалија со 38 шампионски титули, додека Порто сега има 31, а Спортинг останува на 20 освоени првенства.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот