ВИДЕО | Полувреме од соништата: Мбапе, Хакими и Асенсио го „уништија“ Лион

фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Фудбалерите на ПСЖ убедливо го совладаа Лион со 1:4. на гостински терен во дерби натпреварот од четвртото коло на француската „Лига 1“.

На шампионот на Франција неочекувано лесно му беше да дојде до бодови на жешко гостување. Веќе на стартот од мечот груба грешка направи капитенот на домашните Толисо, кој ја загуби топката во шеснаесетникот и во таа прилика го фаулираше Уругваецот Мануел Угарте. Судијата покажа на белата точка, а Килијан Мбапе сигурно го изведе најстрогиот пенал – 0:1.

Во 21 минута веќе беше 0:2, Усман Дембеле помина од десната страна, шутираше, голманот Лопез кратко одбрани, а на вистинското место се најде Ахраф Хакими. Истиот играч ја погоди пречката во 31 минута, а седум минути подоцна Марко Асенсио излезе сам пред голманот на Лион и го постигна третиот гол.

Во втората минута од судиското надополнување на првиот дел, Килијан Мбапе побегна од одбраната на Лион и го постигна вториот гол на натпреварот, вкупно четврти за ПСЖ – 0:4! Полувреме од соништата за парижаните.

Гостите го намалија темпото во вториот дел, што Лион го искористи и постигна утешен гол од пенал во 74 минута. Стрелец беше капитенот Толисо за поставување на конечниот резултат – 1:4.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот