ВИДЕО: Погледнете ги најубавите 10 голови на Светското првенство во Катар

фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Заврши Светското првенство во Катар, Аргентина ја освои титулата откако во финалето на пенали ја совлада Франција.

„Златната копачка“ за најдобар стрелец на Мундијалот ја освои Французинот Килијан Мбапе со осум голови, а неговиот соиграч од ПСЖ, Лионел Меси (Аргентина) запиша седум.

Во трката за најубав гол на Светското првенство номинирани се вкупно 10 погодоци.

Како што објави ФИФА, за вашиот најдобар гол на Мундијалот можете да гласате ТУКА

Изборот започнува со погодокот на Салем Ал-Давсари од Саудиска Арабија, следуваат Ришарлисон (Бразил) кој е двапати на листата, потоа Коди Гакпо (Холандија), Енцо Фернандез (Аргентина), Винсент Абубакар (Камерун), Луис Чавез (Мексико), Килијан Мбапе (Франција), Паик Сеунг-Хо (Јужна Кореја) и Нејмар (Бразил).

Меси најдобар играч на Светското првенство, Мартинез најдобар голман

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот