Меси најдобар играч на Светското првенство, Мартинез најдобар голман

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Aргентина го освои Светското првенство, а по завршувањето на финалето со Франција беа поделени наградите за најдобрите.

Лионел Меси кој ја предводеше Аргентина до светскиот трон заслужено беше избран за најдобар игра на Светското првенство. Меси постигна седум гола и освои четири награди играч на натпреварот. За Меси ова беше последен натпревар на светските првенства и успеа да дојде до својата голема желба и посакуваниот трофеј кој до денес беше единствениот кој му недостасуваше.

Голманот на Аргентинците, Емилијано Мартинез го освои признанието за најдобар голман на турнирот, додека Енцо Фернандез се израдува на наградата за најдобар млад играч. Мбапе со осум гола заврши како најдобар стрелец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот