ВИДЕО | По гласините дека ја изневерувал, Ријана и АСАП Роки го фатија авионот…

ријана
Амина Муани, Ријана и Асап Роки / Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

И покрај гласините дека пејачката Ријана и нејзиното момче, раперот АСАП Роки ја прекинале врската откако тој ја изневерил, двојката е забележана како заедно и безгрижно отпатувала во нејзината родна земја Барбадос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Shade Room (@theshaderoom)


Двојката пристигнала заедно на меѓународниот аеродром „Грантли Адамс“ во оваа карипска земја во петокот вечерта, пренесува „E! Онлајн“. Откако го напуштиле аеродромот, бремената Ријана која се појавила во краток фустан и високи потпетици влегла во бело комбе со своето момче, а ова е првпат да ги видиме по гласините дека Роки ја изневерил со дизајнерката Амина Муади.

Многумина заклучија дека Ријана и Роки изгледале безгрижно, не оптоварувајќи се со гласините, а не е чудно што пристигнале на Барбадос бидејќи Ријана претходно изјавила дека ја гледа својата татковина како идеално место за одгледување дете.

– Роки неодамна ме праша кое е местото од моите соништа. Му реков дома, Барбадос. Отсекогаш сум го замислувала така – рекла пејачката која е во третото тромесечје и многумина мислат дека токму таму ќе се породи. Инаку, по повод гласините за неверството се огласи и самата дизајнерка која сето тоа го нарече „неоснована лага“.


„Отсекогаш верував дека една неоснована лага која се шири на социјалните мрежи не заслужува никаков одговор или појаснување, особено ако е толку подмолна. На почетокот претпоставував дека овие лажни озборувања, измислени со лоши намери, нема да бидат сфатени сериозно“, напиша Амина Муади на нејзиниот Инстаграм и, осврнувајќи се на бременоста на пејачката, додала дека граници не постојат дури и во период кој треба да биде еден од најубавите во нечиј живот.

Инаки, потсетуваме, гласините за неверството ги започна модниот коментатор и инфлуенсер Луис Писано кој објави дека славната двојка раскинала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LOUIS (@louispisano)

„Ријана и АСАП Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како ја изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади“, напиша тој, а потоа додаде дека Роки и Амина се познаваат долги години. Набргу потоа се извини за непријатностите што ги предизвикал.

Ријана и нејзиното момче започнаа врска во 2020 година, а како круна на нивната врска дојде веста за нејзината прва бременост, која обожавателите со нетрпение ја очекуваа.

Смела и елегантна трудница: Бремената Ријана ја краси насловната на магазинот „Vogue“

Која е Амина Муади? Дизајнерката со која Асап Роки наводно ја изневери Ријана

ФОТО | Се огласи дизајнерката со која Асап Роки наводно ја изневерувал Ријана: Сè е подла лага

ФОТО | Инфлуенсерот кој тврдеше дека Ријана раскинала со Асап Роки се извини: Немам оправдување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот