Која е Амина Муади? Дизајнерката со која Асап Роки наводно ја изневери Ријана

Амина Муади, Фото: Instagram

Се проширија гласини дека партнерот на Ријана, Асап Роки е фатен како ја изневерува пејачката со дизајнерката Амина Муади, која креира обувки во „Фенти“ – компанијата на Ријана, а Ријана наводно ја раскинала нивната врска.

Ријана и Асап Роки наводно раскинале откако ја изневерил со позната дизајнерка

Која е потенцијалната „друга жена“?

Амина Муади е познатa моднa дизајнеркa на чевли, бизнисменка, креативнa директорka и претприемачka. Во 2020 година таа и стилската икона Асап Роки, соработуваа за да создадат партнерство во креативната фирма „AWGE“.

Ким Кардашијан Вест, Бела Хадид и Ирина Шајк се меѓу познатите личности кои ги носат живописните обувки на 35-годишната дизајнерка, кои вклучуваат сандали со квадратни пети, вамп чизми и модерни мали чанти.

Влијанието на Муади врз индустријата како целина е непобитно, откако неодамна ја доби наградата за достигнување „FN“ заедно со Ријана и Џалил Вивер за нејзината соработка со „Fenty“.

Амина работела како стилист пред да започне сопствен бизнис, усовршувајќи ги стиловите на страниците на „L’Uomo Vogue“ и „GQ“. Но, нејзината страст за чевлите што ги имала во нејзиниот плакар, од патики до највисоки потпетици ја навело да создаде бизнис, на кој вистински се посветила.

Муади е родена во Романија од татко Јорданец и мајка Романка. Набргу потоа, нејзиното семејство се преселило во Аман. Нејзините родители се разделиле кога таа имала шест години и се вратила во Романија со нејзината мајка, каде го поминала остатокот од својот живот.

Кога Муади се вратила во Милано во 2013 година, таа беше ко-основач на луксузниот бренд „Oscar Tiye“, кој дебитираше на модната недела во Милано истата година. Потоа се преселила во Париз, каде што работела како дизајнер за линијата на обувки на Александар Вотие.

Како почнала соработката на Ријана и Амина

Амина беше запознаена со Ријана преку Џелил Вивер, стилистката на пејачката. Ријана набрзо се заљубила во дизајните на Амина, па дури и ја ангажирала да дизајнира чевли за „Fenty“ во 2020 година.

„Fenty ми се обрати затоа што на Ри ѝ се допадна тоа што го правам и таа ги носеше моите чевли и беспрекорно ги износуваше“, изјави Амина за „Harper Bazaar“ во 2020 година.

Во друго интервју за „Vogue“ во 2019 година, Амина рече: „Таа е толку убава личност. Ми испрати облека од „Fenty“ кога лансираше сопствен бренд – се чувствувам неверојатно кога ги носам. Таму е тој стил, се чувствувате како да ја канализирате Ријана“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот