ФОТО | Се огласи дизајнерката со која Асап Роки наводно ја изневерувал Ријана: Сè е подла лага

ријана
Амина Муани, Ријана и Асап Роки / Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инстаграм

Деновиве на социјалните мрежи почнаа да кружат гласини дека раперот Асап Роки ја изневерил Ријана со дизајнерката на чевли Амина Муади. Веста се прошири со молскавична брзина, а споменатата дизајнерка се огласи на својот инстаграм-профил велејќи дека гласините се лажни.

„Отсекогаш верував дека една неоснована лага која се шири на социјалните мрежи не заслужува никаков одговор или појаснување, особено ако е толку подла. Отпрвин претпоставував дека овие лажни озборувања, измислени со лоша намера, нема да бидат сфатени сериозно“, таа ја започна својата објава на „Инстаграм“.

Амина Муади
Објавата на Амина / Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Меѓутоа, во последните 24 часа се потсетив дека живееме во општество кое толку брзо доаѓа до заклучоци за некои теми без разлика на фактичката основа и дека не постои граница. Дури и за време на она што треба да биде едно од најубавите и најславните моменти во животот“, напиша Муади мислејќи на бременоста на Ријана.

Амина вели дека решила да прозбори за гласините не поради себе, туку поради луѓето кон кои има „голема почит и наклонетост“. Ријана и Асап Роки досега не ги коментирале јавно гласините за неверството и можното раскинување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TUNE (@knamuora)

Да потсетиме, социјалните мрежи се разгореа откако Луис Писано, инфлуенсер и „моден критичар“ кој има над 130.000 следбеници на „Инстаграм“, објави дека Ријана и раперот пред неколку дена раскинале.

„Ријана и Асап Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како ја изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади“,  стоеше во објавата на неговиот твитер-профил.

 

Објавата се прошири со молскавична брзина, а инфлуенсерот потоа даде детали за дизајнерката со која наводно се вплеткал раперот.

Повеќе написи на темата:

 

Ријана и Асап Роки наводно раскинале откако ја изневерил со позната дизајнерка

 

Која е Амина Муади? Дизајнерката со која Асап Роки наводно ја изневери Ријана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот