ВИДЕО | Пистата на аеродромот во Хатај буквално преполовена по страшниот земјотрес

По силниот земјотрес што го погоди југоисточниот дел на Турција, пистата на аеродромот во Хатај буквално се преполовила.
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала синоќа ги погоди Турција и Сирија. Стотици загинати и илјадници луѓе беа повредени во двете земји. Бројот на загинати во Турција во моментов е 284, а повредени се 2.323 лица, изјави на прес-конференција потпретседателот Фуат Октај.
WATCH: The only runway at Hatay Airport in southern Turkey tore open during the earthquake pic.twitter.com/TTykRNBYUQ
— BNO News Live (@BNODesk) February 6, 2023
Ројтерс јавува дека 70 лица загинале во провинцијата Кахраманмараш, каде што е епицентарот на земјотресот, заедно со 20 лица во Османије, 18 во Шанлиурфа, 14 во Дијарбакир и 13 во Адијаман. Во Сирија загинаа најмалку 237 лица, а 639 се повредени, јави сириската државна новинска агенција САНА, цитирајќи официјален претставник на Министерството за здравство.
Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија сега е најмалку 521.
ВИДЕО | Над 300 мртви во ужасниот земјотрес во Турција и Сирија
ВИДЕО | Во Газиантеп се урна тврдина стара над 2 илјади години како последица на земјотресот