ВИДЕО | Во Газиантеп се урна тврдина стара над 2 илјади години како последица на земјотресот

Газиантеп тврдина урната / Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

По силниот земјотрес што го погоди југоисточниот дел на Турција, се урна тврдината во Газиантеп стара над 2.200 години.

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди синоќа Турција и Сирија. Стотици загинати и илјадници луѓе беа повредени во двете земји. Бројот на загинати во Турција во моментов е 284, а повредени се 2.323 лица, изјави на прес-конференција потпретседателот Фуат Октај.

Ројтерс јавува дека 70 лица загинале во провинцијата Кахраманмараш, каде што е епицентарот на земјотресот, заедно со 20 лица во Османије, 18 во Шанлиурфа, 14 во Дијарбакир и 13 во Адијаман.

Во Сирија загинаа најмалку 237 лица, а 639 се повредени, јави сириската државна новинска агенција САНА, цитирајќи официјален претставник на Министерството за здравство. Вкупниот број на загинати во Турција и Сирија сега е најмалку 521.

ВИДЕО | Над 300 мртви во ужасниот земјотрес во Турција и Сирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот