Техеран по израелски напад врз рафинерии во градот и околината / Фото: Икс

ВИДЕО | „Пазете се од токсичен дожд“ — денот стана ноќ во Техеран откако израелски ракети столчија пет рафинерии

Иранската Црвена Полумесечина издаде итно предупредување до граѓаните во Техеран и пошироката околина, откако ноќеска во серија израелски ракетни напади беа погодени нафтени постројки околу главниот град, пренесе „Мидл ист ај“.

Граѓаните се предупредуваат дека е можно да врне токсичен дожд, кој може да предизвика хемиски изгореници на кожата и оштетување на белите дробови. Никој да не го напушта домот, а доколку се најдат под таков дожд, граѓаните веднаш да се засолнат под бетонски или метални покриви, порачаа надлежните.

Професорот на Универзитетот во Техеран, Фуад Изади, рече дека околу пладне по локално време, денот изгледал како ноќ поради чадот по бројните експлозии во нафтените постројки, од кои некои се наоѓаат во самиот град. Апокалиптичните сцени се забележани и на видеа објавени на социјалните мрежи:

Најмалку четворица луѓе загинале во ноќешните израелски напади врз иранските рафинерии и складишта за нафта во Техеран и во покраината Алборз.

Нафта од погодените постројки протекла во дел од канализацискиот систем на Техеран, а според сведоштвата на жителите на иранскиот главен град, по него течеле „реки од оган“.

ВИДЕО | Изгоре облакодер во Кувајт, ноќеска го погодиле ирански дронови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот