Фото: Икс / скриншот

ВИДЕО | Изгоре облакодер во Кувајт, ноќеска го погодиле ирански дронови

Сирени за узбуна цела ноќ се слушаа во Кувајт, откако бран напади со ирански дронови погодија облакодер во главниот град во кој е сместени канцеларии на владини институции, а погодени биле и складишта за нафта на меѓународниот аеродром во Кувајт Сити, јавија светските медиуми.

Кувајската војска соопшти дека повеќето дронови кои учествувале во нападот биле пресретнати.

„Некои цивилни објекти претрпеа материјална штета како резултат на паѓање на остатоци и шрапнели за време на операциите на пресретнување“, беше цитиран официјален портпарол на Министерството за одбрана во објава на „Икс“.

Според извештаите на локалните медиуми, пожарникарите се бореле со огнот кој ги зафатил резервоарите за гориво на меѓународниот аеродром во Кувајт и облакодер во кој се сместени владини канцеларии.

Кувајтското Министерство за одбрана соопшти дека резервоарите за гориво на аеродромот биле директно погодени во нападот со дрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот