Израелски и американски напади на Техеран / Фото: Akasbashi / Sipa Press / Profimedia

Израел и Америка ноќеска погодиле пет нафтени постројки околу Техеран, јавуваат иранските власти

Во серија ракетни напади изведени во текот на ноќта, САД и Израел погодиле пет нафтени постројки во Техеран и во околината на иранската престолнина, изјави официјален претставник на државната телевизија, според „Ал Џазира“.

„Синоќа, непријателски авиони нападнаа четири нафтени депоа и центар за транспорт на нафтени производи во Техеран и Алборз“, изјави за државната телевизија Керамат Вејскарами, директор на Националната иранска компанија за дистрибуција на нафтени производи.

Тој додаде дека сите пет постројки се „оштетени“, но дека „пожарите се ставени под контрола“.

Во меѓувреме Иран продолжува да ги напаѓа американските сојузници во регионот. Ноќеска ирански дронови погодија облакодер и аеродромот во Кувајт Сити.

ВИДЕО | Изгоре облакодер во Кувајт, ноќеска го погодиле ирански дронови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот