ВИДЕО | Пар дињи продадени за рекордни 31.000 евра во Јапонија
Пар таканаречени „премиум“ дињи од јапонскиот остров Хокаидо се продадени вчера на аукција за рекордни 5,8 милиони јени, што одговара на износот од околу 31.000 евра.
Препорачано
Со тоа е урнат претходниот рекорд од пет милиони јени од 2019 година, пренесе „Кјодо“.
На аукцијата, дињите ги купила компанијата „Футами Сеико“, трговец на големо со овошје и зеленчук, која потоа ги препродала на „Кеио стор“, а која планира да ги изложи во еден од своите супермаркети во Токио до недела.
„Се надевам дека луѓето во Токио ќе уживаат во овие дињи од Хокаидо“, рекол Хироказу Окубо, раководител на продажба во „Футами Сеико“, кој бил вклучен во успешната понуда на пазарот на големо во Сапоро.
Познати по своето сочно портокалово месо и сладост, дињите од сортата Јубари често се испраќаат како подароци во Јапонија, наведува „Кјодо“.
Локалните земјоделци планираат да испратат 3.086 тони дињи во вредност од околу 2,12 милијарди јени оваа година, а врвот на бербата се очекува во јуни и јули.
Премиум овошјето често достигнува многу високи цени на првите аукции во Јапонија, а купувачите ги користат успешните понуди за промотивни цели.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


