Папата Лав XIV / Фото: Принтскрин / Тикток

ВИДЕО | Папата Лав му се приклучи на виралниот тренд „6-7“ додека разговараше со деца во Ватикан

Папата Лав XIV им се придружи на децата во Ватикан во виралниот тренд познат како  „6-7“, а видео од моментот беше објавено на „Тикток“ од италијанскиот свештеник и инфлуенсер Дон Роберто Фишер.

Видеото го прикажува папата како застанува до група деца на плоштадот Свети Петар и ја повторува фразата и гестовите со рацете што се дел од трендот.

Видеото, објавено од популарниот италијански свештеник, го прикажува него и група деца како велат „6-7“ на италијански додека папата се приближува кон нивната група. Потоа папата ја повторува фразата и ги изведува гестовите со рацете поврзани со виралниот тренд.

Инаку, трендот „6-7“ стана популарен на Тикток и другите социјални медиуми како еден вид интернет мем. Вклучува повторување на фразата „шест-седум“ со ритмички движења на рацете.

@donrobertofiscer Papa Leone 67 🇻🇦#sixseven #67 #chiesa #prete #donroberto ♬ som original – 🦋Nicolly_Brito🦋

Според речникот Меријам-Вебстер, тоа е бесмислена фраза што стана популарна кај децата и тинејџерите токму поради нејзината апсурдност и постојано повторување без никакво специфично значење.

Кристофер Хејл, демократски политичар кој се кандидираше за Конгресот во 2018 и 2020 година, исто така реагираше на видеото на платформата Икс.

„Лав XIV има широк културен дострел“, напишал Хејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот